Monday, May 25, 2009

Нешто за Кристофер Колумбо


Кристофер Колумбо (италијански: Cristoforo Colombo) (1451 - 20 мај, 1506) бил истражувач и адмирал од Џенова, Италија, чии четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (1492–1493, 1493–1496, 1498–1500] и 1502–1504) ја отвориле Америка за европско истражување иколонизирање.

Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492 и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот трет пат во 1498. Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка. Викиншкиот истражувач Лајф Ериксон стигнал до Северна Америка во 11 век, но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки национален империјализам и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и колонии. Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување (Колумбов ден) се слави во САД и наоколу во светот.

No comments:

Post a Comment