
Вистинското име на славниот морепловец Кристофор Колумбо било Педро Ското, а неговото семејство имала шкотско потекло, тврди шпанскиот историчар Алфонсо Енсенант де Вилалонга.
Тој се спротивставил на теориите за потеклото на овој морепловец од 15 век, според кои Колумбо бил син на ѓеновски ткајач, а неговите предци имале каталонско и галициско, односно корзиканско и португалско потекло.
- Тој навистина бил роден во Џенова, но бил син на трговец и бил крстен Педро, а не Кристофор - вели Вилалонга и додава дека семејството се презивало Ското и имале шкотско потекло. Според покажаните докази Кристофор имал светло лице и сончеви пеги, руса коса, што ја имал дури и во староста.
Во една хроника за католичките кралеви, што ја напишал Лусио Маринео Сикуло, се појавува името на Педро Колумбо, а не Кристофор. Историчарот Вилалонга тврди дека Педро работел за гусарот Винченцо Колумбо и дека го посвоил презимето за своевидна заштита. При истражувањето, Вилалонга ги користел архивите на Ѓенова, на Националната библиотека на Шпанија и на Академијата на историските науки.